Драги Ѓоргиев, таткото на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, објави видео на социјалните мрежи во кое повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син.
На видеото што го сподели на Фејсбук се гледа повозрасна жена како зема саксии со цвеќе поставени пред гробот.
Според Ѓоргиев, ова не е изолиран случај, туку, како што наведува, 14-та кражба од гробното место на неговиот син.
„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев во објавата.
