ВИДЕО: Најмладиот со коронавирус има 15 години, пациентка е на машини за дишење, а се чекаат резултати за 9 лица

Од:

Покрај четирите пацинети од Дебар кои се новозаболени од коронавирусот, како и седум пациенти за кои се чекаат резултати, дополнително се испитуваат уште две лица кои патувале во Шпанија и се јавиле со симтоми како покачена телесна температура. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека нивните резултати ќе бидат готови попладнево. Најмладиот пациент е 15 годишно момче од Дебар, а сите биле во контакт со веќе заболените жители на ова кризно подрачје. Влошување има кај првата пациентка од Дебар која е ставена на машини за дишење.

На Клиниката за инфективни болести, Филипче соопшти дека сега се хоспитализирани една пациентка од Скопје, седум од Дебар, а од нив двајца се сопружниците кои беа првозаболени поради кои 21 лице се изолација, пет лица од втората група исто така од Дебар, како и четворицата кои сега треба да стигнат од Дебар. Вкупната бројка на заболени кај нас е 12 лица.

„Непосредно, пред почетокот на прес-конференција, на двајца наши државјани кои даваат податок дека патувале во Шпанија и се јавиле поради покачена телесна температура ќе им се земе брис и резултатите ќе ги соопштиме покасно. Резултатите ќе бидат во попладневните часови. Во овој момент ги очекуваме од Дебар да пристигнат новодијагностицираните четворица пациенти. На Клиниката за инфектологија се осумте пациенти, првата пациентка ќе биде пуштена на домашно лекување во понеделник. Од сите пациенти, дополнително се влоши состојбата на првата пациентка од Дебар и таа е поставена на машина за механичка вентилација со соодветна терапија“, вели Филипче.

Сите пациенти имаат лесна форма на болеста, рече Филипче, по што објасни дека четворицата новозаболени имале контакт со втората група од три лица кои беа заразени со коронавирус од сопружниците.

„Од четирите пациенти од Дебар, има едно момче, дете на 15 годишна возраст. Сите сите тие имаат лесна форма на болеста. Во овој момент се тестираат седум лица, шест од нив се од Дебар и материјалите се земени за време на вчерашниот престој вчера од Институтот за јавно здравје. Од тие шест, четворица имале директен контакт со заболените, втората група на пацинети. Брисеви се земени и од епидемиологот и техничарот кој работат во Дебар, за да бидеме сигурни за нивната здравствена состојба. Земени се брисеви од странски државјанин во Битола“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ