(ВИДЕО) Најчевска: Пејковски да се суспендира, се сомничи за кривични дела и држи политички затвореници

Од:

Директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски мора веднаш да биде суспендиран поради тоа што се сомничи за кривични дела кои се од интерес на Специјалното јавно обвинителство и држи политички затвореници, со што суспендирањето се прави неодложно, смета професорката Мирјана Најчевска.

– Затворите се слика на едно општество. Луѓето кои ќе влезат во затворот не ги губат правата, тие дури имаат и право на глас и рамноправно учествуваат на сите избори, меѓутоа тие лесно можат да бидат изложени на тортура, на притисок што ни го покажува и бомбата за разговорот меѓу Јанакиески и директорот на затворот од Идризово. Последниот случај со непуштањето на Љубе Бошкоски, потоа случајот со Вранишковски и уште многу други случаи пред тоа покажуваат дека некој се изживува со луѓето кои се во затвор, вели Најчевска.

Таа потсетува дека Советот на Европа подолго време ја оценува ситуацијата во затворите во Македонија како катастрофална, пред се за затворот во Идризово, каде според неа, тие велат дека има насилство, корупција, дека има закани, уценување, нечовечки услови за живот и никој никогаш за ништо не одговара.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Јонузи: Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение

Орце Костов

Пожар во женското одделение во затворот „Идризово“

А1он

Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“

ОЈО: Извршен е увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на „Идризово“

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски