ВИДЕО: На Табановце приведени дилери, во БМВ пренесувале кокаин, хашиш и марихуана

Од:

Рано утрово на граничниот премин Табановце биле приведени три лица, две од Скопје и едно од Тетово откако во автомобилот со кој се обидувале да влезат во земјва им била пронајдена дрога.

Во возило „БМВ“ со холански национални ознаки, управувано од Т.Д., во кое сопатници биле А.Г. и А.Б. биле пронајдени три пакувања со вкупно 204 грама кокаин, наменет за улична продажба каде би достигнал вредност од околу 15.000 евра, едно пакување со хашиш, три пакувања со марихуана и мешавина на тутун со хашиш.

Лицата се приведени во полициска станица во СВР Куманово, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп