(ВИДЕО) МОСТ: За да се избришат побрзо сомнителните гласачи потребни се измени во 4 закони

Од:

Сегашната состојба со Избирачкиот список е резултат на непостоење на функционален систем за неговото ажурирање, односно начин на водење на базите на податоци на институциите од кои тој се генерира, оценува граѓанската асоцијација МОСТ.

Тие предлагаат измени на неколку закони со што ќе се прецизира и забрза прочистувањето на Избирачкиот список за да се избришат евентуалните спорни гласачи.

МОСТ предлага измени на законите за лична карта, за живеалиште и престојувалиште, на општата упрвна постапка и за управни спорови. Според граѓанската асоцијација, со овие законски измени, целата постапка од една година може да се забрза само за следните парламентарни избори и да се скрати на околу 70 дена.

– Согласно постоечките законски прописи, потребни се околу 20 дена за завршување на постапката на поништување на личната карта и живеалиште, а доколку граѓанинот поднесе жалба и потоа поведе управен спор процедурата може да се пролонгира и на повеќе од една година, при што во овие рокови не е пресметано времето кое претходно ќе му биде потребно на МВР да ги изврши административните и теренските проверки на овие гласачи за да констатира дали може да се покрене постапка за поништување на живеалиштето и личната карта, рече Дарко Алексов, директор на МОСТ.

МОСТ апелира до Собранието како носител на законодавната власт, да ги разгледа овие предлог-закони. Доколку не се донесат вакви измени, 4-те најголеми политички партии ќе треба консензуално да решат како ќе се третираат оние граѓани за кои ќе започнат постапки за поништување на личната карта и живеалиштето, кои нема да можат навремено да се завршат.

tabela-za-izbori_МКД

Според роковите, бришењето на евентуалните спорни гласачи од Избирачкиот список ќе се спроведува и во периодот помеѓу распишувањето на изборите и ставањето на списокот на јавен увид. МОСТ предупредува дека јавниот увид треба да започне дури откако ќе завршат постапките за бришење на евентуалните спорни избирачи од Избирачкиот список.

Во врска со вчерашната одлука на Дирекцијата за заштита на лични податоци, МОСТ предупредува дека ако изборите се одржат без да биде објавен Избирачкиот список во формата пропишана со Изборниот законик и во која првично беше објавен, граѓаните воопшто нема да имаат доверба, ниту во Избирачкиот список, ниту пак во изборниот процес.

Како дополнителен предизвик МОСТ ја потенцира неконзистентноста во одлучувањето на Државната изборна комисија

– ДИК донесе одлука да не постапува по 124.072 неконзистентни записи идентификувани со еден од тестовите за вкрстени проверки. Ваквата одлука е во спротивност со член 9 од Методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список кој предвидува дека сите сомнителни записи ќе бидат предмет на дополнителни појаснувања и проверки со МВР, со државните институции кои располагаат со податоци за граѓаните, преку контакт со лицата чии записи се сомнителни и по потреба со теренска проверка, рече Алексов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Објавена аудио снимка од хероите од Балтимор: „Веднаш блокирај го сообраќајот на мостот“

Горан Наумовски

Исчезнатите работници на мостот во Балтимор најверојатно загинале

Горан Наумовски

Сонар откри дека има возила во водата под урнатиот мост во Балтимор

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он