(ВИДЕО) МОСТ: ДИК не беше на ниво на задачата, членовите застапуваа политички ставови

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ го набљудуваше процесот на одлучување по приговорите за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите од гласањето, поднесени до Државната изборна комисија.

„Државната изборна комисија не беше на ниво на задачата на највисок изборен орган кој треба да се грижи за законитоста во спроведувањето на изборите. Имено, при одлучувањето по приговорите ДИК не беше доследна и конзистентна во донесувањето на одлуките“, рече извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.

МОСТ нема да ги коментира поднесените приговори од политичките партии, ниту поединечните одлуки и гласања на овој орган, со оглед на фактот што дел од нив беа донесени не земајќи ги предвид одредбите во Изборниот законик, туку произлегуваа од тесните политички интереси, велат од МОСТ.

При дискусиите по приговорите членовите на ДИК, наместо да се држат до предметот на расправа често пати држеа политички говори и застапуваа политички ставови што е недозволиво за ваков орган.

„Во однос на одлуката со која беа поништени првичните официјални резултати за избор на градоначалник на општина Чаир, соопштени од ДИК, апелираме да се поведе соодветна постапка против лицата кои ги прекршиле законските одредби“, вели Алексов.

МОСТ укажува на рекордниот број на болни и немоќни лица пријавени за првиот изборен круг, најмалку 13.323. Нејасно е, велат, за каков доказ за здравствената состојба се работи, односно дали таков документ може да издаде и матичен лекар?!

МОСТ во однос на случаите со избирачите кои не можеа да се пронајдат во Избирачкиот список, апелира до сите граѓани пред вториот изборен круг да ги проверат своите податоци на веб страницата izbirackispisok.gov.mk, за точно да го утврдат избирачкото место на кое можат да го остварат своето избирачко право. Оние граѓани кои што нема да се пронајдат во Избирачкиот список ги упатуват до подрачните одделенија на ДИК за да утврдат зошто ги нема во Избирачкиот список. Исто така, апелираат до надлежните институции да ги истражат ваквите случаи и да ја информираат јавноста за причините поради кои овие граѓани не се наоѓаат во Избирачкиот список.

Проектот “Домашно набљудување на Локалните избори 2013“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ, и досега е поддржан од Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он