(ВИДЕО) Мирен изборен ден – нема посериозни нарушувања на изборниот процес

Од:

Во завршна прес конференција на МВР министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев констатираа дека изборниот ден минал мирно и немало нарушувања на изборниот процес.

„Денес можам да кажам дека ги имавме едни од најдемократските и најмирните избори до сега. Сакам да им се заблагодарам на македонските полицајци кој работеа цел ден посеветено, но и на граѓаните кои покажаа дека заслужуваме да сме дел од европското семејство. Благодарност и до набљудувачите и до медиумите, кои сите допринесоа за да имаме мирен и демократски изборен ден“, рече Тошковски.

„ Македонската полиција беше на висина на задачата и допринесоа да имаме слободни и демократски избори“, изјави Бојманцлиев.

Од безбедносен аспект денот мина мирно и во демократска атмосфера. Не се регистрирани посериозни нарушувања на изборниот процес во текот на целиот ден и во целата држава.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Тест-периодот на „Безбеден град“ со охрабрувачки резултати

Горан Наумовски

Тошковски: По наредба на судија на претходна постапка е уапсен Фехми Стафа

Горан Наумовски

Тошковски: За 12 часа часа над 65.000 прекршоци

Горан Наумовски

Тошковски до СДСМ: Толку ли многу ви смета што покренавме кривични постапки против корумпирани судии и обвинители?

Тошковски вели дека во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина

Горан Наумовски

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот