(ВИДЕО) Милошоски: Комисијата за европски прашања под раководство на пратеникот Адеми се претвори во комисија за Див Запад

Од:

Пратеникот Антонијо Милошоски вели дека Комисијата за европски прашања под раководство на пратеникот Арбр Адеми се престорила во комисија за Див Запад.

„За жал морам тоа да го констатирам, бидејќи како претседател на комисијата не ги почитува ниту Деловникот, ниту пратениците, ниту јавноста.

Денешниот тек на седницата ескалираше во моментот кога претседателот на комисијата им оневозможи на пратениците Илми Азири, Халил Снопче, Дафина Стојаноска, мене, пратеникот Бране Петрушевски од Куманово и други, да го искористиме нашето деловничко право да предложиме пред да биде усвоен, измени и дополнувања на Дневниот ред.

Ние имавме конкретен материјал и измените и дополнувањата сакавме да ги предложиме во насока на анализа на заклучоците од Брисел коишто се однесуваа на Македонија и се уште се актуелни.

Веројатно тоа не се вклопување во неговото сценарио кога треба да почне, кога треба да заврши и кој смее и кој не смее да добие збор и гледаме дека се направи поголема тензија кадешто претседателот на комисијата почна освен со вербални напади да фрла и со тврди предмети кон пратениците, да крши дел од собранискиот инвентар и да употребува разни вулгарности кон нашите колеги и колешки, што не му доликува на ниеден човек, најмалку на претседател на комисија за европски прашања.

Сметам дека ова е уште една голема брука за Собранието, но го покажува раководењето од страна на ДУИ и СДСМ и гледаме како нивни поединци се однесуваат самоволно“, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

Милошоски: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

А1он

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?