Како што се наближува денот на изборите, нервозата и стравот во ВМРО-ДПМНЕ се повеќе расте. Соочена со целосно изгубена доверба кај граѓаните ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да врши притисок врз вработените и волонтерите во ЈП Исар и Клиничката болница во Штип, вели Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.
Први на удар на ВМРО-ДПМНЕ се волонтерите кои се уште немаат добиено решение за трајно вработување. Од нив раководните лица од ВМРО-ДПМНЕ бараат да достават списоци со три лица кои својот глас би го дале за оваа партија.
Притоа бараат во списоците кои ќе ги приложат да наведат лични податоци на потенцијалните гласачи како и нивни телефонски броеви со цел да бидат проверени.
Почитувани вработени и волонтери во ЈП Исар и Клиничката болница во Штип и сите вие на кои раководителите ви бараат присилно да доставите списоци со лични податоцои и телефонски броеви на три лица кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ ве повикуваме да се охрабрите и да доставите докази за истото.
Оваа манипулација и злоупотреба на службената положба покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека граѓаните не ја поддржуваат.
Покажува и дека некој преку закани за лебот кој чесно си го заработувате сака да остане на власт.
Законот за избори предвидува казна затвор и парична казна за секој оној кој ќе врши притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација и други институции, кој се сведува на закана по однос на работното место и социјалната сигурност на вработените заради нивното поддржување или неподдржување на политичка партија или кандидат.
СДСМ стои позади секој граѓанин кој ќе пријави ваква злоупотреба, криминалот ќе го извадиме на виделина. Секој кој го крши законот ќе одговара по него.
На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!