(ВИДЕО) Милион евра за решавање на кочанската депонија бара пратеникот Крмов

Од:

Пратеникот Борислав Крмов од Левица поднесе амандман кон владиниот предлог-Буџет за решавање на проблемот со кочанската депонија:

„Поднесов амандман на предлог-буџетот за 2025 година од милион евра со цел да се реши проблемот на кочанчани. Намерата е тие пари да се искористат да се направи соодветно оградување на депонијата, обезбедување со камери, со чувар и останатите пари да се искористат за сервисирање на машините и купување на нови машини на ЈП Водовод, коешто стопанисува со депонијата којашто е во очајна состојба“, кажа Крмов.

Крмов нагласи дека не очекува опструкции од власта по ова прашање и дополнително побара Информацијата за кочанската депонија да се најде пред пратениците наредната Седница.

„За жал, заради роковите на Собранието, нема да се најде на оваа Седница денеска. Но, ние очекуваме и се надеваме дека нема да има опструкции од владеjачкото мнозинство и дека ќе се најде на Седницата на дваесет и први кога ќе има исто и пратенички прашања“, изјави пратеникот Крмов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Имаме скржава власт која одвои малку пари за настраданите во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крмов: Пропадна и вториот обид на Левица за надзорна расправа за трагедијата во Кочани – власта гласаше против

(ВИДЕО) Крмов: Власта шверца долг од шест милијарди евра во рок од пет минути

Крмов: Левица ќе поднесе предлог за разрешување на Даути доколку таа не поднесе оставка

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ дрско го одби нашиот амандман за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

Крмов: Гаши не е племенски поглавар за да размислува етнички, наместо државнички