(ВИДЕО) Мицкоски: Останувам на ставот дека се потребни реформи во судството, до сега нема некој конкретен предлог од стручната фела и експертите

Од:

Сѐ уште останувам на ставот дека се потребни реформи во судството, во нашиот правосуден систем и тоа на сите анкети на јавното мислење е прва тема, дека е потребно да имаме реформи, бидејќи довербата е катастрофална, катаклизмична. Да ние имаме програма и да во нашата програма стои дека треба да биде распуштен Судскиот совет ваков каков што е, партизиран, но и Советот за јавни обвинители бидејќи гледате веќе таму што се случува, бидејќи луѓе што се од дел од таа институција полека но сигурно имаат признанија за сторени кривични дела итн, кажа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета и додаде:

https://www.youtube.com/live/t3UFRCyHWTo

„Но, бидејќи се отвори дебатата во јавноста ние сме подготвени како транспарентна Влада, Влада која што сака да се грижи за иднината, а не за минатото да ги сослушаме сите и ако е потребно да направиме еден мозаик од сето тоа, да направиме јасен гантограм на активности, чекори, реформи кои што ќе ја зголемат довербата во правосудниот систем, бидејќи ако немам правна државата, тоа го кажав и вчера на прес конференцијата, како што многумина политичари во светот, светски, многу поискусни од мене велат ние имаме безбедносна закана кон државата, а ние како Влада не смееме да дозволиме да немаме правна држава, да имаме криминални политичари, криминалци, корупција итн. Тоа е безбедносна закана и како таква мораме да одговориме соодветно и така и ќе одговараме соодветно на тоа, односно ќе правиме реформи за да ја поразиме оваа безбедносна закана.“

Премиерот Мицкоски објасни дека безбедносна закана кон една држава не се прави само со оружје во рака, туку се прави и со тешки криминални дела.

„Не значи безбедносна закана ако некој земе оружје во рака и дека го загрозува територијалниот интегритет и суверенитет, тоа е еден начин, но доколку имаме и пандемија состојба како што беше во минатото со криминалот и корупцијата, ако имаме криминализирани поединци во правосудството, не велам сите, поединци тоа е исто како и да имате вие во буре со најубавата, најбистрата вода и земете неколку лажици фекалија да ставите тогаш за бадијала ви е, ако имате вие мнозинство луѓето од таму што се прекрасни, перфектни кога неколкумина злоупотребуваат и го рушат угледот и дигнитетот на сите луѓе во фелата“, истакна премиерот.

Претседателот на Владата посочи дека консултациите ќе продолжат додека не се најде најдоброто решение за да се врати довербата во правосудниот систем кај граѓаните.

„Така што сега за сега јас навистина покреативна и поконстрантна политика од онаа која што ја имаме не сум слушнал од сите оние кои што сме ги сретнале. Уште ќе продолжиме со консултации рековме до крајот на август ако е потребно и понатаму, мораме да дојдеме до формула до која што граѓаните ќе веруваат дека правдата важи за сите“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски

Мицкоски: Условите што утре ќе ги договориме со банките не зависат само од мене