(ВИДЕО) Марин: Камчев сака да гради кај Мајчин дом, нема да дозволиме богатење на сметка на здравјето

Од:

„Ќе има преиспитување и одговорност за спорниот ДУП И10 во Општина Аеродром којшто беше изгласан тајно и без дебата, и со којшто за криминални бизнис интереси, Ивица Коневски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат воздухот и здравјето на граѓаните.

Ова е доказот дека Орце Камчев стои зад Масив Констракшн, фирмата која ќе гради објекти кај Мајчин Дом. Како што може да се види во овие документи, Масив Констракш е во сопственост на Европа Комерц ДООЕЛ Кочани и Архи ДОО која пак е во сопственост на Ексико и Орка Холдинг АД Скопје. Ексико, пак, е фирмата чиј управител е Тодор Мирчевски, човек кој управува со сите фирми на Камчев. Фирми кои преку Ексико изнесуваат милиони евра од македонскиот буџет преку тендери и субвенции во приватни оф-шор сметки.

Криминалните шеми на Коневски, ВМРО ДПМНЕ и градежната мафија се заплеткани и сложени но, нивната цел е јасна – полнење на приватни џебови и сметки и туркање на Аеродром во еколошка катастрофа, со ДУП кој ќе го спречи струењето на воздухот од Вардар, ќе го уништи зеленилото и уште повеќе ќе го загади воздухот.

Здравјето и животот на граѓаните мора да биде поважно од неброените фирми и банкарски оф-шор сметки!
Ова е само еден од доказите за поврзаноста меѓу Коневски, ВМРО-ДПМНЕ и градежната мафија. Ги знаеме и другите сопственици на спорните парцели кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги откриеме.

Граѓаните се свесни за овие криминални игри на Ивица Коневски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа реагираат и секој ден се пред општината. Ги поддржуваме и заедно ќе постигнеме повлекувањето на овој ДУП. Граѓаните на Аеродром нема повеќе да бидат заложници на урбаната мафија!

Коневски и ВМРО-ДПМНЕ коишто со денови се кријат од граѓаните ќе одговараат за сите криминали и злоупотреби.
Поради ова и поради сите останати злодела во општината, граѓаните на Аеродром ќе ја казнат оваа локална власт.
По новата реформска Влада, ќе следува нова локална власт и во општина Аеродром, која ќе работи единствено во интерес на граѓаните и нивните реални потреби“, изјави Златко Марин, претседател на Општинска Организација СДСМ – Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски