(ВИДЕО) Марин: Итно да се повлече спрниот ДУП, Конески и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа во ризик здравјето на граѓаните

Од:

„Ивица Коневски и ВМРО-ДПМНЕ вчера кукавички, ненајавено и без дебата, го изгласаа спорниот ДУП И 10.

Со овој ДУП, се предвидува уништување на зеленило, нова деветкатница на оваа зелена површина и нови згради покрај Вардар. Овие нови градби, ќе го сопрат струењето на воздухот и директно ќе придонесат кон загадувањето на воздухот.

Овде е јасно дека станува збор за нов удар на градежната мафија во Аеродром. Го повикуваме Ивица Коневски, да одговори на следните прашања:
Прво, дали е точно дека позади градбата кај Мајчин Дом стои Орце Камчев, кој неодамна преку фирмата Масив Контракшн ја купил парцелата?

Според овој извештај на Камчев Консалтинг Дооел, Масив констракшн е подружница на фирмата на Камчев. Токму тие ќе ја уништат оваа зелена површина од 3580 м2 на која стоиме сега. Јавно го прашувам Коневски, дали тој има бизнис интерес тука?

Второ, во чија сопственост е втората парцела кај Неоком? Дали е повторно станува збор за некој од бизнисмени ан ВМРО-ДПМНЕ? Ова мора да го одговори градоначалникот и да престане да се крие зад Фејсбук постови на општина Аеродром.

Ваквите градби од бизнис интерес на власта на ВМРО-ДПМНЕ и Коневски се вистинска еколошка катастрофа за Аеродром. Спремен ли е Коневски да го ризикува здравјето на граѓаните на сметка на бизнис интересите? Свесен ли е дека со овие градби дополнително ќе се спречи струењето на воздухот покрај Вардар?

Бараме итно повлкеување на ДУП-от и заштита на интересот на граѓаните и нивното право на чисто воздух“ изјави Златко Марин, претседател на ОО СДСМ -Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски