(ВИДЕО) Манчевски: Нема да има никаква толеранција за насилството

Од:

„Денеска сме тука за да покажеме дека сите се важни, дека секој мора да ги ужива истите права пред законот и сите да бидат еднакви.

Тоа значи посебна грижа од државата и заштита за најранливите. Ветуваме дека нема да има никаква толеранција за насилството.

Ќе ја ратификуваме Истанбулската конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година.

Ќе донесеме нов Закон за родово базирано насилство, ќе го измениме Кривичниот закон и ќе воведеме одредби за сите форми на родово базирано насилство.

Ќе воспоставиме мрежа на стандардизирани институции која го гарантира минималниот пакет на услуги за заштита од домашно насилство.

Ќе ги вклучиме здруженијата на граѓани во нудење на услуги за превенција и заштита од родово базирано насилство. Тие ќе бидат поддржани преку насочени грантови, шеми за обезбедување на соодветна, квалитетна и специјализирана поддршка. Тука зборуваме за психо-социјална поддршка за жртвите на силување, кризни центри за жртвите на силување, како и засолништа.

Ќе обезбедиме казнено-правна заштита за децата кои биле сведоци, односно жртви на родово засновано насилство, вклучително и домашно насилство. Ќе воведеме правила со кои ќе се гарантира остварувањето на најдобриот интерес на детето.

Државата не смее да ги остави своите граѓани сами да се справуваат со проблемите. Таа ќе биде тука и ќе им пружи заштита кога им е најпотребно“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, по потпишувањето на заедничката декларација за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски