(ВИДЕО) Манчевски: Македонија повеќе не може да си го дозволи ДПМНЕ!

Од:

„Македонија повеќе не може да си го дозволи ДПМНЕ!

Мора да дојде до промена на власта за да стотици илјади наши сограѓани не ја напуштат државата.

Мора да дојде до промена на власта за луѓето да можат да живеат во Македонија.

Денеска сме овде симболично да му покажеме на Никола Груевски што мислат граѓаните за неговите листи на пратеници.

Денес завршија лагите дека ДПМНЕ ги научил грешките и дека мисли да се промени. Со овие носители нема да убедат никого дека по катастрофалните 10 години власт сега нешто ќе сменат.

Со лиситите и со нивниот слоган „Почнуваме“ всушност си се потсмеваат самите на себе. Многу е јасно дека завршуваат.

Џабе им е пратеничкиот имунитет. Злоделата којшто слушнавме дека ги правеле за нив следи многу подолга затворска казна отколку тоа што го покрива пратеничкиот имунитет.

Груевски веќе една година не е премиер. Си замина од функцијата поради корупција заради криминалот и заради незаконското прислушување на граѓаните. Граѓаните на Македонија тоа никогаш нема да му го заборават.

Со овие листи и со вкави носители Никола Груевски ќе доживее катастрофален пораз на 11 декември“, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот