(ВИДЕО) Манчевски: 3 милијарди евра за патна инфраструктура во наредните 10 години

Од:

„Веднаш по смената на власта на 11 декември, новата влада предводена од СДСМ ќе вложува во изградба на патишта, без разлика дали се тие локални или регионални. Најавуваме сериозен инвестициски циклус од 3 милијарди евра за 10 години само за патна инфраструктура.

Делчево и регионот ќе добијат нов со кој значително ќе се подобри животот на граѓаните од овој дел во Македонија.

Владата предводена од СДСМ преку инвестициите во инфраструктурата не само што ќе ги подобри условите за живот, воедно ќе отвори и нови работни места за луѓето што ќе бидат ангажирани преку градежните фирми и во другите сродни области. Тоа не води кон нашата крајна цел – повисок стандард и повисоки плати за граѓаните.

Власта предводена од ДПМНЕ во последните 10 години целосно го запостави овој регион. Впрочем патот Делчево-Виница на којшто денес се наоѓаме е еден од најдобрите примери за тоа како овој регион беше запоставен.

Ние ќе вложуваме во патишта во овој регион и во останатите делови од Македонија. Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ по 10 годишни владеење ја остави Македонија со разрушени патишта и руинирана инфраструктура. Наместо да вложува во патишта,  вложија 100ци милиони евра во лудилото со Скопје 2014, во споменици, жални врби, барокни фасади и фонтани“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски