(ВИДЕО) Манасиевски: Режиран политички театар на СДС и Левица

Од:

Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена. Со ова почитувани граѓани се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ, стојат СДС и Левица. Ова не е ништо повеќе од обичен театар наменет за јавноста, во која жртвата е Слободан Трендафилов а виновникот власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. На Трендафилов никогаш не му ни било до зголемување на платите, туку до наштетување на моменталната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и водење политика иста со онаа која ја води СДС и Левица. Се поставува прашањето, дали барањата на Трендафилов и ССМ, ги пишуваат СДС и Левица, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Трендафилов ниту еднаш не кажа ништо за зголемувањето на платите и новите колективни договори во образованието, здравството, полицијата, одбраната, социјалата и другите сектори. Но, за волја на вистината не кажа ништо и кога инфлацијата беше двоцифрено во времето на СДС и на ДУИ, не кажа ништо за ценовните шокови, не кажа ништо за зголемувањето на сметките за струја за над 50% и молчеше кога платите во неколку институции во државата доцнеа со месеци.

Да потсетиме и дека се потпишувале разни колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Или во превод, СДС и ССМ си потпишувале договори, без да имаат претходно одобрено средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор.

Ова лицемерие на Трендафилов и ССМ покажува дека соработуваат со СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати, вели Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

(ВИДЕО) Манасиевски: Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали

(ВИДЕО) Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место