(ВИДЕО) Манасиевски: РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на „Марковски компани“ од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати

Од:

РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на Марковски компани од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати, затоа судиите на СДС го штитат газдата. На 22 ноември 2022 година е склучен договор со Марковски компани, во вредност од 20 милиони евра. Само една година претходно, на 24 јуни 2021 година, за истата услуга се платени 13 милиони евра. Разликата е 7 милиони евра народни пари, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Разликата во крајната сума не е единствениот проблем. Криминалот се случувал и внатре кога во комбинатот доаѓале камионите за мерење. При испораката на јаглен се користеле лажни фактури, истиот товар се наплаќал повеќепати, а депониите останувале празни. Ова не е грешка, ова е системски криминал.

Аздисаноста на власта на СДС и желбата да се испумпаат милиони од РЕК и ЕСМ ги чини граѓаните стотици милиони евра кои очигледно завршиле надвор од Македонија, на фирми во Бугарија и Дубаи.

Заради ова, судиите на СДС се борат газдата на Марковски да не заврши во притвор и да го спасат колку можат, од страв дека ќе ги каже шемите и како и каде завршиле стотици милиони евра од тендерите кои неговата фирма ги добивала во РЕК и ЕСМ, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

(ВИДЕО) Манасиевски: Кацарска сака да им го одземе зголемувањето од 7.000 денари на пензионерите, а бара зголемување на сопствената плата

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и ЕУ

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

(ВИДЕО) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев