(ВИДЕО) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

Од:

Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата на зацртаните планови кои му ги наредува менторот Заев. Криминалното дуо Филипче-Заев, не се откажува од претседателската фотелја во СДС, па макар тоа и ги довело до уништување на партијата. Заев се уште му ги држи конците на Филипче, а тој возвраќа на секој потег на Заев, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа што Александар Трајановски е нов потпретседател на СДС, не е затоа што тој е многу добар или квалитетен, туку затоа што е лојален човек на Филипче и на Заев. Заев се уште ја контролира СДС преку Филипче, а сега си ја потврдува неговата позиција на претседател од сенка со ставање на Трајановски за потпретседател. Од овие тројца, но и од остатокот на раководството на СДС, народот не очекува ништо. Потребни се реформи итни во СДС, за силна опозиција со кредибилитет и одговорност. Тоа мора да почне со оставка на Филипче, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

(ВИДЕО) Манасиевски: Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали

(ВИДЕО) Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

(ВИДЕО) Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи