(ВИДЕО) Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи

Од:

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари. Спасовски спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед во Сарај, иако надлежната организациска единица доставила предлог за истото. Со ова, над 5,5 милиони денари биле слеани во фирмата со одобрение на Оливер Спасовски, противзаконски, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Што се крие и зошто Спасовски не постапил за одземање на овластувањата на техничкиот преглед во Сарај? Дали зад заштита на Спасовски стои нешто друго? Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на истиот овој технички преглед? И колку од нив немало да поминат на друго место? Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. Во оваа насока, го повикуваме ЈО веднаш да постапи. А што се однесува до СДС, наместо оградување и дистанцирање од криминалите на лица како Спасовски, тие повторно ги бранат криминалите на нивните поранешни владини, а сегашни партиски функционери. Како тргнала работата, во СДС нема еден чесен политичар да остане, нагласи Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Четворица адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор

(ВИДЕО) Манасиевски: Луѓе на Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО кои луѓе да се гонат, СЈО работело под насока на Заев и СДС

(ВИДЕО) Манасиевски: Режиран политички театар на СДС и Левица

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи