(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Од:

Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Ова именување е уште една потврда дека Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче со ова покажува дека не му е важен напредокот на СДС. Тој избира кандидат кој ги загуби локалните избори, но истовремено е близок до него и до неговиот ментор Заев. Јавноста добро ги памети нивните летувања на скапите грчки плажи, уживајќи во ултра луксузната јахта на Заев. Со ова, се докажува дека ова трио не го интересира народот, туку луксузот. СДС со истите луѓе како Заев, Ковачевски и Филипче, продолжува да тоне во бездната. И наместо да се реформира и да се освежи, тие ставаат повторно кадри кои се продолжеток на Зоран Заев. Реформите во СДС ќе дојдат само доколку Филипче си замине од партијата, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Режиран политички театар на СДС и Левица

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

(ВИДЕО) Манасиевски: Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали

(ВИДЕО) Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев