(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место

Од:

По само еден ден од старо-новото раководство на Заев, изгласано од Филипче, летаат оставки од општински организации на СДС и бараат оставки од Филипче, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиумите.

– По толку помпезното најавување од страна на Филипче за реформи во СДС, тој го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место. Наместо свеж, чист и нов кадар, тој ги врати старите истрошени кадри од времето на Заев и Ковачевски.

Филип Андов, Јон Фрчковски, Јованка Тренчевска, Андреј Жерновски, Љупчо Фармаковски, Александар Наумоски се таканаречените нови лица на СДС. Луѓе полни со скандали, со лошо минато, луѓе без кредибилитет, луѓе кои не испорачаа кога им беше побарано од граѓаните. Некомпетентни и неквалитетни кадри. А дека бродот во СДС тоне, доказ за тоа се неколку оставки од општински организации од Ѓорче, до Битола и Крива Паланка. Оставки од Филипче се бараат на секој чекор, а тој гордо ги продолжува да ги исполнува задачите кои му ги дава Зоран Заев. Rеформите во СДС ќе дојдат само со формална оставка на Филипче и претседателот во сенка Зоран Заев, вели Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

(ВИДЕО) Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи

(ВИДЕО) Манасиевски: Првиот стожер од стратегијата Македонија 2030 е државната безбедност и стабилноста

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

(ВИДЕО) Манасиевски: Кацарска сака да им го одземе зголемувањето од 7.000 денари на пензионерите, а бара зголемување на сопствената плата

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и ЕУ