(ВИДЕО) Манасиевски: Четворица адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор

Од:

Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, се доказ за тоа како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. СЈО бил претворен во партиски штаб на СДС. Зоран Заев и СДС во тоа време ветуваа некаква вистина и правда за Македонија, но освен политички прогон, политичко монтирани случаи и изживување врз поранешни политичари, друго граѓаните не добија, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Обвинителката Кадриу, во интервју сведочи дека во еден момент, дури 4 адвокати на Зоран Заев, дошле во СЈО, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’’. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од токму СЈО. Истиот овој предмет, потоа бил и донесен во СЈО, спакуван во некакви кутии и обвиен со заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Толку бил влечкан овој предмет и обвинителките не оделе на рочиштата, што според обвинителката Кадриу, овој предмет ден денес ако го најдеме некаде се уште би бил во некоја заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан.

Дополнително, обвинителката Кадриу сведочи дека во уште минимум два предмети, додека таа била во СЈО, биле политички монтирани. Едниот е случајот за кој беше обвинета поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а другиот е случајот со Нешковски, случај со кој СДС излажа многу граѓани, ветуваше некаква вистина, за на крај да излезе дека нема никаква институционална одговорност.

Заев и СДС тогаш беа спремни да направат се само за да дојдат на власт и успеаја во намерите. Го лажеа својот народ и му ветуваа приказни, кои и ден денес се потврдуваат дека се лажни. СЈО и Катица Јанева беа користени само за Зоран Заев и СДС да дојдат на власт. По нивното искористување, сите знаеме како заврши таа приказна. Затоа, го повикуваме ЈО да покаже дека се ослободило од канџите на Зоран Заев и СДС, и да ги истражи овие сведоштва на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, за вистината конечно да излезе на виделина, нагласи Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Луѓе на Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО кои луѓе да се гонат, СЈО работело под насока на Заев и СДС

(ВИДЕО) Манасиевски: Режиран политички театар на СДС и Левица

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

(ВИДЕО) Манасиевски: Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали