Македонија е рангирана на 79 место во извештајот на Глобалниот индекс на мирот, при што е забележан пад од 11 места во однос на 2012-та година, се наведува во соопштението на Институтот за економија и мир. Македонија се најде во групата на на земји со среден мир како единствена држава во регионот.
Во образложението се наведува дека Македонија страдаше од лошите односи со нејзините соседи. Територијалниот спор со Грција и обвинувањата од Бугарија дека Македонија бара соодветен дел од бугарската историја.
Тоа ги водеше шефовите на дипломатии на двете земји да го одложат одредувањето датум за отворање преговори за влез на Македонија во Европската унија. Воедно, како што се вели во извештајот, внатрешните тензии меѓу етничките Македонци и етничките Албанци остануваат проблематични, иако е малку веројатно дека е можно враќање на меѓуетнички вооружен конфликт во земјата.
Според годинашиот Глобален индекс најдобро пласирана во регионот, односно на 28 место е Хрватска, Србија на 62, Босна и Херцеговина на 71, по што следат Косово и Црна Гора
Глобалниот индекс е составен од индикатори кои го мерат отсуството на насилство во општеството при што се земаат предвид и надворешните и внатрешните фактори. Притоа се опфатени 162 земји или 99 насто од светската популација.
Петар Клинчарски