(ВИДЕО) Мајсторчев: Празни ливади наместо индустриска зона во Неготино

Од:

Индустриската зона Неготино е уште една лажна, виртуелна инвестиција на Никола Груевски. Се наоѓаме во близина на селото Црвени Брегови. Токму на ова место, во индустриската зона Неготино, Никола Груевски фрлаше лопата заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов и виртуелно најавуваа лесна незагадувачка индрустрија од која бенефит ќе имаат граѓаните на Неготино, рече Дане Мајсторчев, претседател на ЛК СДММ Неготино.

 
На 23 декември 2014  ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Апостолов ветија по добивањето на неопходните градежни дозволи, инвстирањето ќе започне во текот на наредната година.
 
Денеска е 26 декември 2015 година, а овде гледаме само празна ливада. Еве, погледнете, лажните, виртуелни инвестиции на Никола Груевски се празни ливади.
 
Освен фрлената лопата на манипулаторот Никола Груевски, овде нема ништо друго.  На место на индустриска зона овде зјае празна ливада.IMG_5152
 
Оваа празна ливада е симбол на лажните и виртиелни инвестиции на Груевски и Апостолов.   

 “Дил ориентед” политиките на Никола Груевски го запустија Неготино и ги избркаа младите. Цели 10 години премиерот во заминување единствено мисли на провизии, парцели на Водно, мерцедес со кожни седишта и екрани од 600 илјади евра, очила Мајбах од 60 илјади долари, матните зделки на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески…
 
Промашените политики на Груевски и фамилијата затвораат работни места и ја пустошат Македонија.
 
Затоа младите и граѓаните немаат никакви очекувања од Никола Груевски. Единствено ја чекаат неговата оставка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он