(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

Од:

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, алармираше дека постојното законско решение создава апсурдна и неправедна ситуација во која граѓаните го губат правото на здравствено осигурување токму во моментот кога им е најпотребно, за што пратеничката група на Левица поднесе измени кон Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

„Кога луѓето ќе изгубат работа, не само што тие не можат да остварат право на здравствено осигурување, туку и нивните семејства го губат истото право, само затоа што во претходната година го надминале лимитот, којшто е навистина низок и изнесува околу 4.700 евра. Баш во моментот кога остануваат без работа, кога семејниот буџет им е оштетен и кога им е најпотребно да одат во здравствените институции, тие се приморани дополнително да плаќаат за да можат да го користат тоа право. Со предложените измени предвидуваме овој лимит да се укине и луѓето кои не се вработени, како и членовите на нивните семејства, да бидат здравствено осигурани во целост на товар на Фондот за здравство. Целта е да се достигне универзално здравствено осигурување за сите граѓани, што е и уставна категорија!”, рече Исмаил.

Исмаил посочи дека предложените измени се насочени кон враќање на правичноста во системот и обезбедување реална заштита за граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски