• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Лазаревска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени

by А1он29/03/2024 - 11:52367
Share0

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола. Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа. Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Добивај вести на вибер

– Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.

Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението. Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството. Младите од Југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа. За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ – рече Лазаревска.

zaklina lazarevska

Би можело да ве интересира

Очекуваме на следната прес конференција СДС да побара одговорност за средбите на Џафери, Спасовски и Пендаровски со криминалците и нарко босовите реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски13/12/2023 - 14:26

Лазаревска: Мицкоски и ДПМНЕ стануваат засолниште на дилери, тие се опасност по безбедноста на децата

Катерина Ѓуровски13/12/2023 - 14:12

(ВИДЕО) Лазаревска: Работиме на достоинствено вреднување на трудот на наставниците

Горан Наумовски01/09/2022 - 13:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен