Ги почнавме сите заедно промените за Македонија на еднакви граѓани. Тие промени водат кон нова одговорна Влада што ќе добие чест да ја води СДСМ, којашто ќе се грижи за сите граѓани на Република Македонија, независно од каква било различност, вклучувајки ја и родовата, рече на прес конференција на координаторката на форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.
СДСМ во Програмата има конкретни мерки за економски стабилни и спокојни семејства во коишто и жените и мажите ќе имаат можност заедно да придонесуваат за тоа.
Ќе воведеме Регистар за прекувремени работни часови, поврзан со Управата за јавни приходи. Работодавачите нема да можат повеќе да ги кријат одработени часови на работниците, ќе мора да ви ги платат.
Ќе обезбедиме државна поддршка за зголемување на бројот на жени претприемачи. Со тоа ќе овозможиме жените да водат сопствени бизниси.
Ќе овозможиме вработувања на жените во руралните средини и поддршка за жени – фармерки.
Ќе воведеме флексибилно работно време за мајките со мали дечиња.
Ќе изградиме поголем број детски градинки, каде што ќе бидат згрижени децата. Ќе има втора смена во детските градинки, за да им олесниме на мајките кои работат во две смени.
Ќе го гарантираме враќањето на истото работно место по породилното отсуство.
Ќе го унапредиме работното законодавство за дополнително да ги заштитиме на бремените жени работнички.
За жените работнички на возразт од 57 години ќе овозможиме да добијат неполно работно време од 6 часа, додека да наполнат 60 години. При тоа ќе си ја примаат целата плата.
За жените работнички со наполенти 60 години ќе овозможиме да добијат неполно работно време од 4 часа, до исполнување на условот за пензија, односно до 62 години старост. И кај нив ќе биде задржана целата плата.
СДСМ ќе ги обездеди сите потребни заштитни механизми за да се спречи какво било насилство врз жените.
Целото општествено живеење го поставуваме на поинаква, практична основа во чиј фокус е граѓанинот.
Институциите ќе работат во две смени, до 20 часот. Ова ќе ни олесни во планирањето на приватните и професионалните обврски.
Предвидуваме бесплатни сервиси за помош на еднородителските семејства и самохраните родители.
Ќе ги ослободиме од радио-дифузна такса, јавен превоз надомест во градинка, основно училиште, комунални давачки, семејствата со плата под просечната.
Ова се само дел од мерките во Програмата на СДСМ. Овој граѓански пристап на СДСМ драстично се разликува од сегашните дискриминаторски, потценувачки, деградирачки политики на актуелната власт, коишто не ги прифаќаме и ги осудуваме.
Македонија ќе биде општество на еднакви граѓани. Заедно ги почнавме промените и заедно ќе ги направиме промените на фер и демократски избори. Секој од нас е ТАА промена!