(ВИДЕО) Лашкоска: Власта е целосно неспособна и е класичен криминален картел

Од:

„Дека власта предводена од Зоран Заев, аболицираниот криминалец е класичен криминален картел, веќе нема дилеми.

Исто така нема дилеми дека е целосно неспособна да направи нешто за граѓаните и за иднината на државата.

Тоа не е само констатација на ВМРО-ДПМНЕ, туку ова го тврдат и Бранимир Јовановиќ, доскорешен советник во министерството за финансии но, и Петар Атанасов, заменик министер за образование кој вчера си поднесе оставка.

Но, да одиме по ред.

Доскорешниот советник во кабинетот во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ во јавна изјава кажува дека во периодот додека тој ја извршувал функцијата биле местени милионски тендери. Замислете советникот во министерството за финансии тврди дека се местени милионски тендери, а два дена ниту една надлежна институција не реагира на ова“, рече Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Советникот Јовановиќ вели, цитирам: „Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека „метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа…“

Внимавајте оние кои работеа за личен интерес и местеа милионски тендери. Да биде уште појасно истиот тој Бранислав Јовановиќ појасни дека во својот статус мислел конкретно на Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Поконкретно посочување од ова здравје. Сега обвинителството е на потег по овој допрен глас од јавноста.

Обвинителството треба веднаш да покрене постапка и да утврди кои тендери се местени од Анѓушев. Исто така да утврди и дали Зоран Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче или било кој друг министер, заменик министер, директор или друг владин или државен функционер кој подлежи на долго најавуваната метла, местел милионски тендери и кои тендери.

Дополнително, самиот факт што Зоран Заев се себеименува за министер за финансии докажува дека тој има намера криминалот да го вклучи на најјако, а патем да ги исклучи сите фактори кои што може да го спречат или да дознаат, за спроведувањето на неговиот веќе виден систем евро за Вицето, евро за црквата.

Не помалку скандалозна е и изјавата на досегашниот заменик министер за образование и наука, Петар Атанасов кој сам си поднесе оставка и кој во директна порака до Заев тврди дека оваа власт е неспособна, не работи и дека многу проекти токму од Заев се закочени.

Еве што пишува Атанасов. Цитирам „Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна. Истовремено, давам оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која Вие ја предводите! Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Затоа е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! За жал извештајот и предлог мерките останаа во Вашиот Кабинет. Се чини дека иако декларативно сите говорат дека се залагаме да ги задржиме младите во државата, без вистинска реформа и поквалитетно образование, како и можност за поголем просперитет за младите, тоа нема да се случува.“

Веќе е јасно дека Македонија има на чело криминален картел предводен од Заев, но истовремено има и крајно неспособна влада која нема капацитет да направи нешто за граѓаните, да донесе реформи и да не приближи до европските интеграции. Со оваа власт нема перспектива и напредок. Ова е поразително, или кратко кажано имаме власт која работи само за свое лично богатење“, изјави Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се приведат сите инволвирани во „Рекет“, четири месеци се прикриваат трагите

(ВИДЕО) Трипуновски: Земјоделците немаат ни за леб, субвенциите не се исплатени во целост

(ВИДЕО) Николов: Триото Заев – Дончев – Филипче на здравството гледаат како на приватна фирма

(ВИДЕО) Арсовски: СЈО нема повеќе кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Царовска водеше грижа немаше да го укине додатокот за трето дете

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е на колена, а оваа Влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција