(ВИДЕО) Кривична за фирмата на Нефи Усеини: Истурал шут во езерото

Од:

За парцелата да му излегува на езеро, сопственик на земјиште во близина на охридската населба Далјан ја ангажирал фирмата „Нефи ИК“, сопственост на Нефи Усеини, да истура шут во Охридското Езеро. За овој случај, по пет месеци, полицијата поднесе три кривични пријави во охридското обвинителство. Сега се гонат фирмата, сопственикот на земјиштето и двајца вработени во фирмата. Неофицијално, „А1он“ дознава од извори во истрагата дека вработените во фирмата на распит во полицијата кажале дека шутот и земјата ја истурале во Охридското Езеро без да добијат дозвола од претпоставениот. Дотурот на земја во езерото се случувало во време кога Усеини сè уште бил советник во Општина Охрид.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело узурпација на недвижности, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга, Р.Б.(47) од Охрид како и против правно лице со седиште во Охрид. Првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата Далјан во близина на Охридското Езеро сè уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата, ги ангажирал второ и третопријавените вработени во правниот субјект од Охрид и  побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро“, објавија од СВР Охрид.

Побаравме став од сопственикот Нефи и управителката Мирајет Усеини, но никој од нив не одговара на повиците за да одговори дали вработените ги украле камионите на нивната фирма, за да прошируваат парцела. Засега нема објаснување ниту зошто, ако ова е точно,  не е пријавено во полицијата.

Со дотурот на земја, камен, шут, вработените и компанијата „Нефи ИК“ успеале да ја прошират парцелата на 900  квадратни метри и во водите на Охридското Езеро. За ова реагираше и локалното население кон крајот на ноември 2020 година, неколку денови пред Усеини да се повлече од советничката функција во Охрид.

Името на Усеини стана познато во јавноста откако „А1он“ објави дека тој е инвеститор на две дивоградби во Охрид, односно бетонска база на земјиште од ИВЗ и објект на државно земјиште. Усеини за време на парламентарните избори започна да си ја отстранува бетонската база, но нечепнат остана објектот кај Чинарот, за кој од Општина Охрид велат дека е во надлежност на Државниот градежен инспекторат.

Истовремено, на бизнисменот Усеини му се суди за физичкиот напад на неговиот сограѓанин Спире Топаловски. Нефи, заедно со неговиот брат Ибро Усеини, беа и во притвор, а на слобода беа пуштени со гаранција од имот вреден 850 илјади евра. Обвинителството веќе две години води повеќе постапки против екссоветникот, за кои уште не знаат дали ќе поднесат обвинение пред судовите.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов