Граѓаните на Крива Паланка преку огромната колона автомобили по кривопаланечките улици со свирежи покажаа дека се спротиставуваат на власта на Никола Груевски и побараа негово заминување, предвремени парламентарни избори и враќање на демократијата во институциите.
Не помагаат секојдневните притисоци и уцени од партијата на власт врз граѓаните на оваа мала општина.
Граѓаните се решени да си ја вратат слободата и демократијата која им е одземена. Од ден на ден се повеке кривопаланчани се приклучуваат кон отпорот.