(ВИДЕО) Ковачки: Владата на Ковачевски и институциите да направат контрола дали е платен данок на промет и како е направена трансакцијата за Соравија

Од:

Владата на Ковачевски и институциите под негова контрола наместо да молчат, да кажат дали е платен данок за промет на Соравија и како е извршена трансакцијата?
Дали внукот на Ахмети покрај тоа што не платил ниту денар за Соравија, не платил ниту денар на име данок на промет, праша денеска на прес конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според тоа што го објавија медиумите во нивни истражувања не е евидентирана никаква трансакција во Македонија? Оттука Ахмети треба да каже како е направена купопродажбата и преку која даночна регулатива?

Истовремено мора да се нотира дека се лага тврдењата и сликата која сакаат да ја создадат Ахмети и други инволвирани во случајот, дека Соравија е загубар, со големи кредити.

Од достапните информации, може да се заклучи дека за две години деловниот центар Соравија остварил добивка од близу 2 милиони евра. И сето тоа кога истиот не е целосно искористен.

Деловниот центар Соравија е голем објект кој има голем неискористен простор. Оттука логички се поставува прашањето, дали во истиот ќе се најдат како закупци фирми блиски до власта или можеби и државни органи? Дали кланот Зајас преку Соравија ќе вади милионски профити – праша Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки до опозицијата: Крш држава, празна каса, катаклизмична состојба – каква држава остави СДС?

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Горан Наумовски

Ковачки: Кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, пари и биле пронајдени списоци за гласање

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

(ВИДЕО) Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес

Горан Наумовски