(ВИДЕО) Ковачки: Спасовски излажа за два клучни моменти од истрагата за киднапирањето и убиството на Панче и малата Вања

Од:

Оливер Спасовски ја излажа македонската јавност за два клучни моменти. Прво, дека возилото на убиениот Панче со кое е извршено киднапирањето на Вања не било барано затоа што не знаеле дека и тоа е исчезнато. Ова е лага затоа што возилото е пријавено во СВР Велес како исчезнато, за што постои и официјален запис во МВР. И второ дека возилото за прв пат го наоѓаат на камерите на “Безбеден град” на 27 ноември, односно на денот на убиството на Вања, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Како што веќе прашавме, а Спасовски одбива да одговори дали е точно дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” на 24 ноември во 6:30 и 25 во 21:15 кај Маџари, денеска ќе потврдиме дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” во наведените термини и локација, што укажува на уште една лага на МВР Спасовски. Потенцираме дека овој податок го има и Спасовски, а зошто ја лаже јавноста не знаеме, и бараме одговори.

МВР на Спасовски целосно потфрли и за ова мора да има одговорност. Најмалку сакаме овие информации кои ги објавуваме да се сфатат во насока на некакво партиско политичко препукување. Но, должни сме јавноста и сите граѓани да предупредиме на пропустите во истрагата на министерот Спасовски како и на нивните погрешни информации кои ги соопштуваа, кои доколку не се случеа, убијците на Вања ќе беа откриени и немаше да се случи второто убиство. Очекуваме одговори на нашите прашања – рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

(ВИДЕО) Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес

Горан Наумовски

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш, во тројка луѓето се вредни, чесни, достоинствени, тотална спортивност од криминалец како тебе, на 8 мај граѓаните ќе те збришат и пратат во опозиција

Горан Наумовски

Ковачки: После победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината – за Македонија се работи

(ВИДЕО) Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево

Горан Наумовски