(ВИДЕО) Ковачки: Со оваа власт на СДС и ДУИ Македонија е помизерна и од Алжир и Нигерија

Од:

Носителот на листата на пратеници од третата изборна единица Драган Ковачки се обрати на митингот во Зрновци и се осврна на стандардот на граѓаните кој со оваа власт на СДС и ДУИ е влошен.

Македонија да е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помизерни сме дури и од Алжир, Тунис и Нигерија! Исправно ли е 600.000 луѓе во државава да живеат со само 150 денари на ден, а оние најсиромашните со само 60 денари на ден . Цените скокнаа до небо, а примањата , да ве прашам, дали тие скокнаа до небо ?Деновиве ќе видите разни експерти од нивните ќе се расфрлаат со какви се не лаги и демагогии, но Вие добро знаете колку бeшe лебот, колку беше горивото, колку беше брашното и сите останати намирници пред 6-7 години, а колку се денес ? – посочи Ковачки.

Тој потсети и на справувањето со ковид кризата и менаџирањето на здравството, но и иселувањето и криминалот и корупцијата како горливи проблеми со кои се соочува Македонија.

– Знаете дека државата е веќе влезена во погрешен правец и мораме да ја вратиме назад, да му припадне на народот и мора да се случат промените. Затоа ја бараме вашата поддршка. Мораме да ја исправиме Македонија и да го вратиме духот кај народот !Дојде времето кое македонските граѓани долго го чекаа ! Дојде времето за одговорот кој граѓаните му го спремаат и на Зоран Заев,.. и на Димитар Ковачевски, …и на Стево Пендаровски и на сите од СДСМ и на тој „Европски“ фронт на ДУИ! Одговор дали нивните политики и владеење биле добри или катастрофални. Да се организираме и да им го дадеме тој одговор. Што помасовно тоа подобро !Да покажеме дека може поинаку, да покажеме дека треба да се има образ, да се има чест и достоинство, да се има чувство за одговорност. Сите овие карактеристики се неспоиви за досегашниот претседател Стево Пендаровски, а се вистински украс на карактерот на нашиот кандидат професорка Гордана Силјановска-Давкова! Образ, Чест, Достоинство и гордост!- заклучи Ковачки

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

(ВИДЕО) Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес

Горан Наумовски

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш, во тројка луѓето се вредни, чесни, достоинствени, тотална спортивност од криминалец како тебе, на 8 мај граѓаните ќе те збришат и пратат во опозиција

Горан Наумовски

Ковачки: После победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината – за Македонија се работи

(ВИДЕО) Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево

Горан Наумовски