(ВИДЕО) Ковачки: СДС и ДУИ седум години ги пљачкаат и понижуваат граѓаните, време е државата да ја вратиме кај народот

Од:

Ова е почеток на крајот, крај на сите погрешни политики на Димитар Ковачевски, Зоран Заев и Стево Пендаровски. Почнуваме заедно, сплотени да им ставиме крај на неспособноста, на криминалот, распродажбата на Македонија и осиромашувањето на народот. Крај на предавствата кои ни ги приредуваа 7 години, изјави носителот на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, Драган Ковачки на митингот во Кочани.

Ковачки истакна дека ова го чекавме седум години и сега е моментот да ја завршиме нашата работа и обврска и да си ја вратиме изгубената држава назад во рацете на граѓаните.

– Криминални скандали и афери, милионски тендери и распродажба на државните интереси, наведнување глава и прифаќање на ултиматуми штетни за овој народ и за Македонија. Време е да се стави крај на ваквото понижување и дивеење на ДУИ со Република Македонија. Порази, неправди, понижени, омаловажени, мрак, беда, сиромаштија, хаос, партизирани институции, девалвиран систем, непотизам, нерасчистени убиства, мафијашки пресметки, исплашени и небезбедни граѓани, крах на економијата, корумпирано здравство, уништено образование, тоа е сликата за денешна Македонија, рече Ковачки.

Ковачки потенцира дека граѓаните денеска после 7 години од СДС и, Заев и Ковачевски, живеат полошо од било кога, потонати во сиромаштија, а на сметка на тоа имаме функционери кои го окрупнуваат сопственото богатство.

Затоа тој нагласи дека им доаѓа крајот, но за тоа е потребна победа на 14 април за Силјановска Давкова, а потоа верификација на победата на 8 мај и победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласи дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давквоа е важна затоа што СДС и ДУИ, 7 години ја понижуваат Македонија и македонскиот граѓанин

– 7 години ја пљачкате државата, 7 години ги распродавате националните и државни интереси на Македонија. Епа, доста е, време е за промени, за подобро утре за граѓаните на Македонија. Пендаровски беше аналитичар, а граѓаните ги навредуваше и свесно го продаде македонизмот со изјавата дека Гоце Делчев е Бугарин, тотално неодговорен, рече Ковачки.

Ковачки истакна дека потребен е рестарт на системот и затоа мораме да победиме, убедливо.

– Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова е глас за горда Македонија, твоја Македонија, за сплотена и обединета, за исправена Македонија. Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за промена, изјави Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки до опозицијата: Крш држава, празна каса, катаклизмична состојба – каква држава остави СДС?

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Горан Наумовски

Ковачки: Кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, пари и биле пронајдени списоци за гласање

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

(ВИДЕО) Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес

Горан Наумовски