(ВИДЕО) Ковачки: СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, ДУИ и Талат владеат

Од:

СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, а ДУИ и Талат владеат. Ковачевски ја продаде СДС, за ден повеќе власт му слугува на ДУИ.
Ковачевски си ги понижи сопствените пратеници, кои мораа да го гласаат командант Форина за премиер. Талат Џафери немаше да биде премиер без гласовите од СДС. За да владее ден повеќе Ковачевски ја предаде владата на дезертерот Џафери, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Една година Ковачевски даде се што можеше да се даде, од милионски тендери на партискиот донатор на ДУИ, Еуровиа, преку одмолчување за купувањето на Соравија до преземањето на хотели на Попова Шапка. Од вчера Ковачевски ја предаде и онаа малку моќ на политичко одлучување кое го имаше. СДС повеќе за ништо не се прашува. Главни се криминалците од ДУИ.

Дури и таму каде што СДС има министри како во Министерството за транспорт и врски не одлучуваат тие, туку ДУИ и Артан Груби, кој се само назначи за координатор за изградба на Коридорите. Ковачевски свесно се понижи и себе и партијата, но пред се државата. СДС ја уништува Македонија, немаме веќе држава. Ковачевски е човекот кој ќе треба да го стави клучот на вратата во СДС вечерта на 8-ми мај – рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

Ковачки до опозицијата: Крш држава, празна каса, катаклизмична состојба – каква држава остави СДС?