(ВИДЕО) Ковачки: Дали уште не е поднесен извештај до владата како НВО на сопругите на Муслиу и Битиќи потрошиле 620.000 евра од грантот

Од:

Постојат сериозни сомнежи дека парите од грантот од 620.000 евра кои го имаат добиено сопругите на директорот на АР Еролд Муслиу и на вицепремиерот во Владата Битиќи се злоупотребувани. Денеска ќе поставиме неколку прашања за кои очекуваме реакција од институциите. Дали Конзорциумот во кој главна е сопругата на директорот на АР, има поднесено извештај до Владата како се потрошени средствата од грантот добиен со сериозни индиции за трговија со влијание, праша Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали е вистина дека до ден денешен до Владата не е поднесен никаков извештај за начинот како се потрошени средствата, како и за ефектот од проектните активности на овие НВО кои побарале и добиле можност да работат на безбедносни проекти? Дали е вистина дека дел од средствата од грантот наместо за основната намена се потрошени на високи плати, хонорари, крстарења со бродови, престојувања во ресорти и патувања во странство? Дали е вистина дека со овие средства се покривани ноќевања на лица кои во никој случај не смееле да бидат дел од тимовите кои работат со безбедносно сензитивни информации? Ковачевски и Пендаровски мора да излезат во јавност и да кажат што знаат за горенаведеното, а не да се кријат и да молчат. А молчат веќе 5-ти ден за трговијата со влијание на сопствените пулени. Доаѓа време на одговорност. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

Ковачки до опозицијата: Крш држава, празна каса, катаклизмична состојба – каква држава остави СДС?