(ВИДЕО) Ковачки: Чии се парите со кои внукот на Ахмети ја купил „Соравиа“?

Од:

Додека се закануваат на вработени дека нема да добијат покачување на плата ако претходно не им направеле проверка на имот, внукот на Али Ахмети купува трговски центар вреден скоро 30 милиони евра. Семејството на Али Ахмети, додека тој е пратеник и лидер на ДУИ, се стекнува со мултимилионски имот. ДУИ си се самопрогласуваат за европјани, а високи функционери им се наоѓаат на црна листа, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тор Индустриес е фирма основана пред две години, од страна на Дрин Ахмети – син на братот на Али Ахмети. Истата две години е БЕЗ прикажан профит, што значи дека БЕЗ остварена услуга, купува луксузен деловен објект во центарот на Скопје.

Чии се парите кои легнале на фирмата на младиот Ахмети, станува збор за сомнителен кеш собран од тендери или пак за некоја награда за остварена бизнис зделка?На овие прашања Ахмети и ДУИ треба веднаш да одговорат, да докажат потекло на парите на фирмата на внукот и институциите веднаш да покренат постапка.

Дополнително, загрижува и фактот што Груби, кој се презентира за вечен панцир на Али Ахмети, го нема никаде да го одбрани својот командант. Дали во ДУИ почнуваат да го напуштаат Ахмети или со молкот потврдуваат дека вакви криминални зделки може да направи само Ахмети?

Институциите не може да не реагираат кога член на најблиското семејство на Ахмети се стекнува со мултимилионски имот. И тоа во време кога ДУИ и нивни функционери со аргументи се обвинуваат за висока корупција, а за дел од нив има и санкции од нашите стратешки партнери. Во наредниот период ќе објавиме и други детали како семејството Ахмети се разгранува низ бизнисот и институциите, додека го замајуваат народот со зелени агенди и подобар живот во ЕУ – рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

(ВИДЕО) Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес

Горан Наумовски

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш, во тројка луѓето се вредни, чесни, достоинствени, тотална спортивност од криминалец како тебе, на 8 мај граѓаните ќе те збришат и пратат во опозиција

Горан Наумовски

Ковачки: После победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината – за Македонија се работи

(ВИДЕО) Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево

Горан Наумовски