(ВИДЕО) Ковачевски: Зарем Талески има лице да зборува за Пелистер

Од:

Зарем Талески има лице да зборува за Пелистер и развојот на планинскиот туризам. Човекот кој имаше 8 години мандат, потрошени 200 милиони евра, и локална и централна власт, човекот кој од Пелистер можеше да направи модерен скијачки центар, единствено што успеа, е да ги избрка сите љубители на зимскиот спорт од Битола, во соседните туристички ски-центри…, рече Васко Ковачевски.

Човекот, додаде, кој не е способен да обезбеди средства за една жичара, кој не е кадарен да санира свлечиште од десетина метри, кој не се избори Пелистер да влезе во ниту една национална стратегија, нема никаков кредибилитет ниту пак морално право да зборува за Пелистер и зимскиот спорт, а најмалку да бара доверба за трет мандат.

Единствено што направи, лицемерно се појави пред изгорениот до темел планинарски дом Копанки , без да понуди никакво решение.

Затоа, Битолчани повеќе не веруваат во лагите на Талески ! Готов е ! Време е !

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија