(ВИДЕО) Костовски: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни локации а глумат загриженост за економскиот стандард

Од:

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен лицемери и лажговци. Додека наводно се загрижени за економскиот стандард на граѓаните, високи функционери на оваа партија летуваат на луксузни локации, изјави на денешната прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека портпаролот Димче Арсовски кој на прес конференции глуми загрижен за економската состојба, својот летен одмор го минува во Монте Карло. Јавно објавени фотографии покажуваат дека тој заедно со сопругата се на плажата Ники во Монте Карло, монденско место на кое летува светскиот џет – сет. Колку е скапо ова задоволство на Арсовски покажува и менито во ресторанот на плажата, каде една порција оброк достигнува и до 98 евра.

Костовски наведе дека истовремено, Христијан Мицкоски летува во Црна Гора, во близина на Котор, каде според информациите едно ноќевање во вила чини и 1.000 евра.

Додека ја плашат јавноста со црни економски сценарија, функционери на ВМРО-ДПМНЕ трошат илјадници евра за одмор на луксузни локации. Вака ли ВМРО-ДПМНЕ го замислува протесното лето со кое ги лажеше граѓаните? Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеност, безобразност и лицемерност, беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски, изјави Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: Мицкоски вчера беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт

(ВИДЕО) Костовски: СЈО работи надвор од закон за да ги заплаши членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски

Костовски: СЈО го повторува наративот на Зоран Заев

Наум Локоски

Отворени писма од Трифун Костовски до Илија Димовски и Петре Шилегов

Наум Локоски