(ВИДЕО) Костадинов: Резолуцијата мора да биде согласно Уставот, за македонскиот јазик нема никакви преговори

Од:

„Навистина на почетокот би сакал да знам дали ВМРО-ДПМНЕ навистина сака и да се усвои самата резолуција таква каква што е или сака преку таквата резолуција да си тера дневна партиска политика. На крајот на денот во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ можат да си прават какви сакаат приказни, Парламентот е нешто друго“, одговори на новинарско прашање, портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов.

„Во Парламентот треба да дебатираме, во Парламентот треба да одлучуваме. Република Северна Македонија самите преговори во рамки на ЕУ ги води согласно уставното име. Нашиот став е сосема јасен, текстот на резолуцијата таков каков што е, е прифатлив согласно Уставот. Овде се отвора прашањето дали со таквото прифаќање на резолуцијата како што тие ја поднесуваат може да направиме штета на интеграцискиот процес на Република Северна Македонија, дали можеби конечно од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигне над партиските интереси и ќе го прифати Преспанскиот договор со што навистина имаме одлична основа да ги зајакнеме и да ги заштитиме националните интереси. Да нема дилеми, јасен е ставот на владејачкото мнозинство, јасен е ставот на СДСМ. Преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик ниту имало, ниту има, ниту во иднина ќе има. Како пратеник зборувам од мое лично име до вчера, јас лично ја немав правно формално добиено резолуцијата, кога ќе ја видиме резолуцијата во рамки на координација како пратеничка група ќе разговараме и ќе видиме каков ќе биде настапот како колектив. Лично сметам, став на партијата е дека е прифатлив текстот на резолуцијата таков каков што е согласно Уставот, тука да нема дилема“, кажа Костадинов.

Би можело да ве интересира

Усвоена Резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија, разговорите со Софија ќе продолжат откако ќе се формира влада

Ана Ололовска

Усвоена Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, прифатенo барањето на СДСМ за „Северна Македонија“

Ана Ололовска

Митрески: За јазикот и идентитетот нема преговори, поднесовме амандман за резолуцијата да биде уставна

Ана Ололовска

Муцунски: Целото општество е подготвено за итен почеток на пристапните преговори со ЕУ ако процесот се заснова на почитување на меѓународното право и европските вредности

Ана Ололовска

На собраниска седница Предлог- резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија

Ана Ололовска

И ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за „црвените линии“ само ако во неа пишува „Северна Македонија“

Ана Ололовска