(ВИДЕО) Костадинов: Наместо иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски избра да остане во темното минато

Од:

Христијан Мицкоски е предавник на највисоките национални интереси на Република Македонија, изјави Костадин Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Со денешното однесување, Мицкоски покажа дека не успева и не сака да го препознае моментот. Наместо иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски избра да остане во темното минато, на страната на криминалот, изолацијата, темнината. Тој сака и граѓаните да останат во темнина. Денеска, по лидерската средба се стана јасно. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека им бил важен изборот на ДИК со двотретинско мнозинство. Лажеа дека сакаат во ЕУ и НАТО, лажеа дека сакаат правна држава и реферeндум на кој граѓаните ќе одлучат. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаа една и единствена цел – амнестија на криминалот по секоја цена. Дури и по цена да нема референдум, доколку нема амнестија, рече Костадинов.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ една деценија заговарале референдум, а денеска избегале од таквата обврска.

– Мицкоски е противник на НАТО и ЕУ и со тоа покажува дека е предавник на националните интереси на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја испуштија шансата да застанат зад македонските национални интереси. Отсега па натаму историјата ќе им суди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како парламентарно мнозинство имаме обврска да ја обезбедиме иднината на нашата држава и тоа ќе го направиме. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. СДСМ со сите сили и со сите политички партии кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможи да победи волјата на граѓаните, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат