(ВИДЕО) Кирацовски: Оддаваме почит на херојското минато и го продолжуваме патот зацртан со Илинденското востание и АСНОМ

Од:

Денеска, на овој голем ден од македонската историја оддаваме почит на нашето славно, херојско минато. Денеска, оддаваме почит на нашите претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, кои ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена Република Македонија, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Кирацовски во честитката за Илинден.

„Идеалите за слободна, демократска и заедничка Македонија живеат и денес. Како одговорна и државотворна партија, заедно со вас граѓаните, го продолжуваме патот зацртан со Илинденското востание и заседанието на АСНОМ. Заедно со вас продолжуваме да ја градиме Македонија како слободна, демократска земја – пријател на регионот и светот. Горди на минатото, со одлучност тргнуваме кон иднината – Македонија да биде почитувана држава, полноправна членка на ЕУ и НАТО, онаму кадешто вредносно и цивилизациски припаѓа. Нека ни е честит и вековит втори август – Денот на Републиката“ честита Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат