ВИДЕО: Казните и отпуштањата се реваншизам за наставниците што штрајкуваа

Од:

Според професорот Душко Стојановски, законските измени за средно и оснвно образование кои беа донесени со скратена постапка всушност се реваншизам за наставниците и професорите кои штрајкуваа и ги поддржуваа бојкотот на наставата на средношколците

– Јас мислам дека тие измени се така и смислени – за да бидат реваншизам. Тоа ќе биде почувствувано од и од останатите наставници. Тоа беше игра, СОНК се договараше едно со Министерството и потоа како да ние не сме луѓе кои доволно ќе согледаат и ќе размислат, ни се подметна дека за тоа што сега тие го ставија во законските одредби – не се разговарало. Па тоа е повеќе од смешно, ниту сме ние мали деца, ниту се тие многу итри, па со начинот на кој што функционираат ќе постигнат тоа што сакаат. Целта е да се убие духот во просветата и во образованието, рече Стојановски.

Професорот Душко Стојановски рече дека во гимназијата Орце Николв има рекорден број пријавени ученици и иако се знае дека најголемиот товар на штрајкот и бојкотот на наставата го понесе токму оваа гимназија. „Ова кажува дека тие во „Орце“ виделе место, симбол на слободно изразување, слободно да се градат како личности“, вели тој.

А.Б.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро