На вечерашниот граѓански парламент во Битола збор зеде Билјана Казанџиска, парламентарка во Собранието на Република Македонија.
На 24. декември бевме исфрлени од собранието, но излеговме со кренати чела и чист образ. Внатре останаа криминалци, останаа за на пастирот да му изгласаат закон со кој ќе го штитат 6 рала обезбедувања. Овде припаѓаме, како вистински граѓански пратеници ќе се бориме од улиците до крај за вистината. Ако на Груевски му требаат обезбедувачи, мене не ми треба никој да ме брани, рече таа.