(ВИДЕО) Како да се спаси културата од влијанието на власта и партиите

Од:

Како да се тргне влијанието на власта од процесите во културата, како, во услови на партиско владеење со институциите, независниот културен сектор да добие свој простор, во кој не само што самостојно ќе дејствува, туку и ќе одлучува? Ова се дел од прашањата за кои се дебатираше на јавната расправа што ја организираше асоцијација на независната културна сцена – Јадро.

Поконкретно, се расправаше за иницијативата за формирање на мешовита установа, хибридна институција која ќе биде првиот пример за јавно-цивилно партнерство во Македонија. Таа ќе функционира како партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа, со цел да се направи суштинска децентрализација на моќта и обезмоќување на досегашните практики на партиски влијанија.

– Овој модел, кој е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа, составена од организации, поединци и неформални групи, обезбедува суштинска децентрализација на моќта и обезмоќување на досегашните практики на партиски влијанија. Тоа е единствениот пат кон создавање на организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата во рамки на граѓанскиот секотор но и пошироко, рече претседателката на Јадро, Искра Гешоска.

Таа нагласи уште пред локалните избори во 2013 година тие со кандидадите за градоначалници потпишаа договори за соработка, но единствено градоначалникот на Центар, Жерновски, се согласил да учествува во оваа иницијатива. – Имаме потреба од место, фокус каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социо-културни практики, простор кој ќе создава автономни, само-организирани содржини, содржини кои ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал, додаде Гешоска.

Гостинот од Загреб, Теодор Целакоски, еден од основачите на институцијата „Погон“ во Загреб, рече дека и во Хрватска ситуацијата била слична во смисла што независната културна сцена не можела да добие свој простор, ниту позначајни финансии,но, по влегувањето на земјата во ЕУ, станале подостапни и финансиските средства за вакви намени.

– Сериозно прашање зошто некоја власт би се откажала од дел на своите ингеренции, бидејќи тоа е основниот инструмент со кој остварува потеницијалот за клиентелизам, корупција и тоа не само во културните институции. Одговорот е многу едноставен и се работи за политички процес. Претставниците на локалната власт и другите власти мора да ја видат приликата и за себе, рече Целакоски.

Јане Чаловски рече дека во истражувањето на подрачјето на општина Центар, нема објект кој би ги задоволил потребите за овој проект и ќе треба да се гради нов. Во новата установа треба да има книжарница, галерија, сценски простор, кафетерија, библиотека и други неопходни простори Билјана Тануровска Ќулафковски истакна дека од клучно значење е политичкиот процес и од политичката волја на локалниот партнер.

Во дебатата стана збор за предизвиците што ќе ги има формирањето на ваков нов вид на институција – од финансиските па до опасноста од централизирање. Новиoт модел на институцијата кој го предлага Јадро би бил од значење за културниот развој, но и за образованието, развојот на критичката култура и новите облици на создавање социо-културни заедници, беше речено на јавната расправа во ЕУ инфо центарот.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен концерт за Турција и Сирија во КСП Центар Јадро

Ана Ололовска

Објавен конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

А1он

Центар Јадро ја продолжува серијата на презентации на македонски уметници

Ана Ололовска

Богдановиќ: Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата

Ана Ололовска

Отворање на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“

Ана Ололовска

ЈАДРО: Која е улогата на Град Скопје во процесот на реставрација на чаршијата?

А1он