Партијата за економски промени 21, (ПЕП 21) откако судски се регистрира веќе пушти на терен 20.000 пристапници. Билјана Јовановска која го преводи овој нов субјект на политичката сцена тврди дека веќе се делат и членски книшки, а следната недела ќе биде објавен и јавен оглас за избор на претседатели на општинските клубови.
Јовановска најавува полноправен политички субјект на сцената кој според неа за брзо време ќе покаже резултати.
-ПЕП 21 очекува успех и ќе успее на политичката сцена во Република Македонија, интересот е голем, за кратко време беа собрани над 1000 потписи за основањето, интересот на терен е голем. Ние како партија ќе се залагаме да дојдеме до ситуација кога секој граѓани нема да се оптеретува со тоа од каде ќе обезебди пари за кредитот, како децата ќе ги пушти на годишен одор, како ќе го плати неговото школување, значи да се создадат основни егзистинцијални животни потреби.
Таа вели дека таргет се младите и подобрување на очајната состојба во која се најдоа.
-Демографските пореметувања, големите иселувања не мотивираат да се обидеме да изнајдеме решение за младите, својата судбина и среќа да ја најдат дома, во Македонија.
-Отворањето на нови реални вработувања во приватниот сектор, кои ќе имаат услови примамливи за младите, европски плати кои ќе бидат прична да останат овде. Навремено да го решат своето егзистинцијално прашање, станбеното прашање, кои се основни услови да се основа едно семејство. Тоа се треба да имаат можност овде да го пронајдат, вели Јовановска.
Партијата бара стимулации за домашните фирми, зашто според неа, нивниот финансиски успех ќе овозможи се да функционира полесно и побезбедно.
-Требаат реални вработувања, а за нас реално вработување е во реалниот сектор, кои се сосодветни на стручната подготовка на едно лице но и со достоинствена плата. Велиме дека имаме потрошувачка кошничка и би сакале минималната плата на едно лице да биде соодветна на потрошувачката кошничка за едно лице која ќе ја пресметува државниот завод за статистика. За нас е тоа релано, вели Јовановска.