(ВИДЕО) Јовановиќ: Панчевски и Бундалевска вршат притисок нашите членови да останат во притвор

Од:

Имаме информации дека мерката притвор е под силни притисоци на претседателот на Судот, Владимир Панчевски и обвинителката Снежана Бундалевска, тоа само кажува дека е политичка мерка и има за цел да ја ослабне Левица, рече Бранимир Јовановиќ од Левица.

– Бараме апелациониот суд да го прифати предлогот за укинување на мерката притвор за Здравко Савески и Владимир Куновски. Тие се држат во куќен притвор веќе 36 дена, во петокот им беше продолжена мерката за дополнителлни 30 дена и ние се сомневаме дека ќе бидат држени до максималните 60 дена. Ваквата мерка со оглед на доказите е престрога и со оглед на тоа што двајцата во минатото немаат никакви прекршоци, рече Јовановиќ на прес конференција пред Судот.

Тој потсети дека Иванов аболирал лица за тешки кривични додека во притвор се држат лица кои излегле на протест.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска