ДПМНЕ и СДСМ нема да освојат доволен број на пратенички мандати затоа што 25 години со своите влади дирекно влијаеа на осиромашувањето на работничката класа во Република Македонија и тоа за тие 25 години успеаа дури за 11 пати да го намалат животниот стандард на работничката клас, рече Страшо Јованов, преставник на работничката партија во Коалицијата за промени и правда.
-Третиот блок, Коалицијата за промени прогрес и правда ќе добие доволен број на пратенички мандати за формирање на Влада затоа што работничката класа организирана во синдикални организации без оглед на националноста и верската припадност конечно ќе сфати дека само претставници во Парламентот од работничката класа можат во целост да ги реализираат сите нивни барања за еднаква правност на сите граѓани, за повисок стандард на сите граѓани и за поголеми права на работниците во однос на 1990 година кога работниците го земаа самоуправувањето во Македонија како и да го унапредат тоа со изедначувањето на управувачките права во сите фирми во државата и тоа по основ 50 отсто во однос на вложен капитал и 50 отсто од управувачките права да им припадне на работниците кои што работат во тие фирми по основ на вложениот труд, рече Јованов.
Виктор Јованов