(ВИДЕО) Јаневска: Нов скандал во образование, нема главни книги за учебната 2022/2023 година

Од:

Школската година едвај заврши во август, ако за крај на година се смета церемонијата за доделување на свидетелствата, уписите во средно се одвиваа скандалозно, наместо свидетелства се приложуваа слики од Е-дневникот, и сега годината може да доцни со почеток затоа што нема главни книги за училиштата! Имено, во ист работен ден, училиштата добија известување од Бирото за развој на образованието дека треба да ги подигнат главните книги за учебната 2022/2023 година, за потоа доцна попладне повторно да се известуваат да не бараат Главни книги, бидејќи има грешки во печатењето и поради тоа главните книги ќе треба да се прпечатат, изјави на прес конференција Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

– За печатењето, почитувани, повторно е фирмата Арберија, спонзорот на ДУИ! Грешката во Главните книги е испревртени страници без никаков редослед на описно и бројчано оценување, без редослед на реден број на учениците, со еден збор целосен хаос.

Според договорот од први август годинава, Арберија Дизајн од Тетово, омилената печатница на ДУИ/СДСМ се обврзува дека педагошката документација и евиденција ќе испорача за 5 дена по нарачката од Бирото за образование.

Бирото како нарачател се обврзува да направи претходна контрола на техничката подготовка за печатење, квалитетот на печатените материјали и писмено одобрение за дистрибуција. Почитувани, или Арберија не сработела како што треба по контролата од МОН, или контролата на МОН потфрлила.

Доколку Арберија не го испочитувала договорот за квалитетна навремена испорака, според договорот тоа повлекува реализација на членот 7 од договорот, односно банкарската гаранција којашто се активира, цитирам: во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаните печатени материјали, се повлекува сериозна одговорност! Прво повлекување на банкараската гаранција, а потоа одговорност на печатницата.

Доколку Министерството односно Бирото не направиле контрола, тогаш повторно потребна е сериозна персонална одговорност кој тоа дозволил печатење на ваков неупотреблив материјал и на чиј трошок ќе се спроведе препечатува на главните книги. Образованието тоне, Македонија тоне, криминалот цвета! Доста е! Образованието во Македонија не смее повеќе да биде жртва на бизнис интересите на ДУИ и СДСМ! Образованието не смее да биде зад журките и спонзорите на ДУИ и СДСМ, тоа треба да биде на прво место. На ова мора да има крај – нагласи Јаневска.

Би можело да ве интересира

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

ХЕРА до Министерството за образование: Ќе ги тргнете часовите, но не и силувањата, уцените, ХИВ и раните бремености

A1on

Јаневска: Изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование го повлекуваме и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста